Ченлдер од „Пријатели“ кој носеше најмногу смеа на екраните, ја имал најмалку во својот живот: „Ми беа дадени само 2% шанси за живот“
53-годишниот актер Метју Пери пред некое време ја заврши својата турнеја за неговата нова книга, мемоар „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“
Во овој мемоар, ѕвездата на „Пријатели“ ја откри висtината на својата страшна битка за зависност од дрога и алкохол, која за малку ќе го чинела живот. Му биле дадени само два отсто шанси за преживување откако зависноста од опиоид предизвикала пукнување на дебелото црево кога имал 49 години, оставајќи го во кома две недели и поминал месеци во болница – факт што неговите обожаватели не го ни знаеле.


Сега трезен, саканиот актер, најпознат по улогата на Чендлер Бинг, храбро ја детализираше својата повеќедецениска битка да се ослободи од болеста на зависност. Откако страдал од гастроинтестинална перфорација од зависност од опиоиди, Метју рече дека морал да користи кеса за колостомија девет месеци, и имал вкупно 14 операции на стомакот и бил на рехабилитација 15 пати во обид да се исчисти.

Кога првпат бил примен во болница, тој рече: „Лекарите му кажаа на моето семејство дека имам 2 проценти шанса да живеам. Ме ставија на нешто наречено ECMO машина, која го прави целото дишење за твоето срце и твоите бели дробови. И тоа се вика Здраво Марија. Никој не го преживува тоа“
„Сакав се да споделам кога ќе бидам безбеден од повторно влегување во темната страна. Морав да почекам додека не бидам прилично безбедно трезен – и подалеку од активната болест на алкохолизам и зависност – за да го напишам сето тоа. А главната работа беше, бев прилично сигурен дека тоа ќе им помогне на луѓето“.

Зборувајќи за неговата главна улога во „Пријатели“ на 24-годишна возраст, неговата зависност од алкохол почна да излегува на површина. Тој рече дека можел да се справува со зависноста, но тоа било „вкоренето во многу неволји“ што му се случиле до неговата 34-та година.

Метју рече дека имало години во тоа време во кои бил трезен и всушност, бил трезен во текот на целата сезона девет, годината кога бил номиниран за најдобар актер. Во еден момент од неговата кариера во „Пријатели“, тој признава дека земал 55 Викодин (наркотичен анаглетик) дневно и дека ослабел на 58 килограми, но сепак „не знаел како да престане“.
Тој рече дека болеста станува се полоша и полоша и прогресивна како што старее и истакна дека неговите пријатели биле со разбирање и биле трпеливи.
„Можете да ја следите траекторијата на мојата зависност ако ја измерите мојата тежина од сезона во сезона. Кога сум подебел тоа е алкохол; кога сум слаб, тоа се апчиња“ – напиша тој во книгата.

Во мај 2000 година, неговата борба со употребата на алкохол и дрога станала толку тешка што тој бил примен во болница со панкреатитис, потенцијално смртоносна состојба која се развива од обилно пиење.
И додека тој инсистирал дека „никогаш не пиел на снимање“, тој за Тајмс изјави дека често доаѓал на работа „екстремно“ мамурлив. „Толку е ужасно да се чувствуваш така и да мораш да работиш и да бидеш смешен згора на тоа“, рече актерот, додавајќи дека понекогаш се препотувал и се тресел на сетот „Пријатели“.
„Не знаев како да престанам. Полиција да дојдеше и да речеше: „Ако пиеш вечерва, ќе те однесеме во затвор“, ќе почнев да се пакувам“.

Додека работеше на филмот „Serving Sara“ во 2001 година, работите станале толку лоши што Пери сфатил дека не може да продолжи така повеќе и решил да направи пауза од снимањето за да се врати на рехабилитација. Тој излезе од центарот на вниманието повеќе од два месеци, пред да се врати да го заврши снимањето на „Serving Sara“.
Иако на јавноста и се чинеше дека битките на Пери со зависноста завршиле после тоа, тој тајно за малку ќе го загубел животот пред неколку години, на 49-годишна возраст, кога му пукнало дебелото црево поради прекумерна употреба на опиоиди. Неговиот стомак е покриен со лузни од неговите 14 операции и рече дека тие служат како потсетник да остане трезен.
Метју рече дека неговиот терапевт му рекол дека можеби ќе мора да има торба за колостома до крајот на животот ако повторно се дрогира, што му помогнало да избегне повторно да се врати на таа страна.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

veruvajte vo Bog molete se ako imate problemi ili nekoi drugi
Коментирај анонимно