Чесите го пуштија во употреба најдолгиот висечки пешачки мост во светот и еве како изгледа чудото
Висечкиот мост е долг неверојатни 721 метар и поврзува две планински вериги од планинскиот венец Карлички Снежник, во близина на границата со Полска.
Мостот виси на 95 метри над долината под него и нуди необично убави глетки за посетителите кои не се плашат од височини. До 500 луѓе можат да бидат на мостот во ист момент, иако тој број е преполовен во првите две недели од неговото отворање. Мостот ќе биде затворен од безбедносни причини доколку ветерот достигне брзина од 135 km/h. Изградбата траеше две години и чинеше приближно 8 милиони евра.