Четири демони, напади и егзорцизам: Вистинскиот случај што ја преплаши Америка во 1986 година
Во 1986 година, американското семејство Смурл тврдеше дека повеќе од една година било изложено на брутални демонски напади во својот дом во Вест Питстон, Пенсилванија. Приказната брзо ја потресе јавноста, а подоцна стана директна инспирација за најновиот хорор-филм од познатиот серијал „The Conjuring: Последни обреди“.

Содржина:
Во 1976 година се вселиле во двокатната куќа со двете мали ќерки
Џек и Џенет Смурл го започнале семејниот живот таму мирно, без ништо што би навестило дека куќата ќе стане дел од една од најпознатите американски приказни за наводна опседнатост. Се до една ноќ во 1985 година, кога тешко светлосно тело неочекувано паднало од таванот и го повредило челото на нивната ќерка. Според сведоштвата на семејството, токму од тој момент започнал вистински кошмар.

Гласови од ѕидовите, миризба на гниење и куче исфрлено преку собата
Во текот на следната година и половина, Смурл тврделе дека во домот се случувале застрашувачки паранормални појави. Слушале смрзнувачки гласови што врескале од ѕидовите, чувствувале неподносливи миризби на гниење, сведочеле на левитирање на мебелот, а нивното куче било брутално исфрлено преку собата. Џек Смурл дури тврдел дека бил физички и психички нападнат од непознатата мрачна сила.
По два неуспешни егзорцизми, локален свештеник го извршил обредот во октомври 1986 година
Семејството решило јавно да проговори со надеж дека ќе најде помош. Нивниот апел го привлекол вниманието на познатите истражувачи на паранормалното Ед и Лорејн Ворен. Откако поминале извесно време во куќата, тие констатирале присуство на дури четири различни демонски ентитети. Ед Ворен тогаш раскажа дека уште во текот на првата ноќ температурата во собата нагло паднала за најмалку 15 степени, по што пред него се појавила маглива фигура без јасни човечки црти. Иако брачната двојка Ворен со денови спроведувала молитви и ритуали, пресвртот настанал дури кога свештеник од локалната католичка парохија извршил официјален црковен ритуал на егзорцизам во домот. По овој чин, нападите постепено стивнале, иако Џенет изјавувала дека повремено се уште слушала чукања во ѕидовите. Во 1987 година семејството трајно се иселило и го продало имотот, кој подоцна бил издаден на нови станари што потврдиле дека никогаш не забележале никакви необични појави. Случајот, за кој беше напишана и популарна книга, до денес останува една од најпознатите и најдискутирани приказни за наводна опседнатост во американската модерна историја.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно