Четири особини кај мажите на кои жените тешко можат да кажат не

Колку пати сте слушнале дека жените обожаваат самоуверени мажи? Веројатно безброј. Но, малкумина ќе признаат дека самодовербата не мора да има никаква врска со дебелината на банкарската сметка, марката на автомобилот што го вози, па дури и како изгледа некој.

Тајната е во машката енергија што го претвора просечниот привлечен маж во некој на кој жените помислуваат кога ќе го видат – Боже мој, кој е тој?

1. Мажот кој е во допир со својата машкост пука од харизма и самодоверба. Оди со исправен грб и глава, не застанува, но не е брз. Секогаш има своја дестинација и цел. Тој не влегува во собата како да ја поседува, туку како да знае се во неа.

2. Има заштитен инстинкт, но не е посесивен. Тој слуша наместо да блада. Без двоумење забележува ситници и комплименти. Не озборува, нема краток фитил и секогаш гледа на позитивната страна на работите.

3. Во односот со себе и со другите не ја презема улогата на жртва, не се жали на финансиите, неразумниот шеф или косата која почнала да се проретчува или белее. Не се фокусира на своите недостатоци.

4. Мажот во контакт со својата машкост се чувствува добро во својата кожа. Ретко изгледа како фитнес модел од Инстаграм, но свесен е за придобивките од редовната физичка активност и се занимава со некои спортови – како за здравје, така и за дополнителна можност за дружење и проширување на кругот на пријатели.

Науката потврди дека енергетското поле се намалува кога сме депресивни, лути, вознемирени или фрустрирани. Од друга страна, се зголемува кога сме среќни, забавни и сакани.

„Добрата вибрација“ на мажот е она што ќе ги привлече дамите и ќе открие сè, од изразите на лицето и држењето на телото до тонот на гласот и брзината со која зборува.