Четири разведени мајки си купиле една заедничка куќа и живеат заедно во комуна со своите деца: „Ова е рајот за нашите најмили, животот е многу полесен вака“
Нашите избори во животот не би требало да бидат ограничени на „што ќе речат другите“, но многумина ги ограничуваат своите можности поради општествени норми или воспитување. Четири жени од Вашингтон целосно ги преосмислија концептите на семејство, пријателство и одгледување деца, создавајќи урбана заедница каде што слободно ја бараат среќата на свој начин.
Холи Харпер и Херин Хопер долго време се шегувале дека еден ден ќе живеат заедно во комуна во Вермонт. Но, откако се развеле, ја разгледале оваа идеја сериозно и набргу нашле куќа со четири засебни делови во која се преселиле со уште две пријателки, Џен и Леандра. Овој начин на живеење им овозможува да заштедат и да делат ресурси, а нивните деца уживаат во предностите од животот во заедница со богати содржини.
„Ова е вистински рај за децата, со огромна трамболина, градина и простории за спорт и креативни активности”, пишува Харпер. Во оваа заедница децата, на возраст од 9 до 14 години, се чувствуваат како блиски роднини и имаат можност да учат од различните животни искуства на секој од нив.
Во домот, наречен „Сирена”, жените делат трошоци, автомобили, храна и одговорности за грижата за децата и домашните миленици. Харпер споделува дека со овој начин на живот заштедува околу 30.000 долари годишно. За да одржат ред, одржуваат состаноци на кои дискутираат за поправки и обврски околу дворот.
„Тука постои духовна сигурност – можам да бидам своја, без оглед дали е тоа мојата најдобра или најлоша верзија”, вели Харпер.
Ова не е утопија, но создава средина каде што сите можат да ја бараат среќата, секој во својот момент.
Коментирај анонимно