Четири видови леб што ги јадат најдолговечните и најздравите луѓе во светот

Областите во кои живеат најдолговечните луѓе во светот се нарекуваат сини зони. Постојат пет сини зони, а тие вклучуваат италијанскиот остров Сардинија, јапонскиот остров Окинава, грчкиот остров Икарија, полуостровот Никоја во Костарика и калифорнискиот град Лома Линда.

На овие места не живеат само најдолговечните луѓе во светот – голем процент на луѓе постари од 100 години, туку и групи луѓе кои остареле без поголеми здравствени проблеми како што се срцеви заболувања, дебелина, рак или дијабетес.

Окинава

Истражувањето на Ден Бутнер покажа дека на долговечноста на луѓето во сините зони влијае квалитетот на животот, односно се, од позитивен поглед на светот и мали количини на стрес до редовно вежбање и квалитетна храна.

Во сините зони луѓето претежно јадат храна базирана на локално одгледувана храна од растително потекло (околу 80 проценти) која е дополнета со риба, јајца и млечни производи. Најдолговечните луѓе во светот во просек јадат околу 65 проценти од храната базирана на јаглени хидрати, како што се цели зрна, овошје, зеленчук и мешунки.

Лома Линда

Месото се јаде во помали порции од околу 50 грама пет пати месечно, а рибата во порции од околу 100 грама три пати неделно. Јајцата и млечните производи се консумираат во многу умерени количини. Ограничена е и количината на додаден шеќер што се јаде дневно – најмногу седум лажички. Најчести течности се вода и чај, малку кафе и вино.

Во сините зони не е забранета потрошувачката на леб. Навистина, лебот се смета за основа на здравата исхрана. Но, за разлика од добар дел од западниот свет каде најпопуларен леб е белото преработено брашно, во сините зони се јадат лебови кои населението ги пече само од целосна храна и без додадени адитиви.

Четирите најпопуларни видови леб во сините зони:

Леб од „кисело“ тесто

Киселиот леб е популарен во Сардинија и Икарија, а се прави од само неколку состојки – вода, интегрално брашно и квасец. Благодарение на процесот на ферментација во производството на домашниот квасец, лебот со квасец има повеќе пребиотици и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи во телото. Пребиотиците го подобруваат здравјето на дигестивниот систем и го зајакнуваат имунитетот.

Леб од цели зрна како пченица, ‘рж и јачмен

Не само што жителите на Икарија и Сардинија сами печат леб од цели зрна како пченица, ‘рж и јачмен, туку и самите ја мелат оваа храна во брашно. Нивниот леб изгледа поинаку од она што може да се најде во продавниците бидејќи е направен од минимални состојки. Целите житарки содржат богатство од диетални влакна, витамини од групата Б и минерали како што се магнезиум, калиум и железо, кои го подобруваат здравјето на целиот организам.

Леб од цели зрна (пита леб)

Во Икарија исклучително популарни се питите направени од цели зрна, кои одлично се комбинираат со извори на протеини од растително потекло – од хумус до варен грав, леќа и слично. Поради употребата на интегрални житарки за правење овој вид леб е богат и со диетални влакна, витамини и минерали.

Леб од пченкарно брашно

Пченкарното брашно или мелената пченка се користи во исхраната стотици и илјадници години, што не е чудно ако се знае дека е одличен извор на протеини, витамин А, диетални влакна и разни минерали. Од пченка се подготвува се, од тортиљи до палента, но и различни видови леб, или кај нас популарната проја. Лебот од пченкарно брашно е исклучително популарен во Лома Линда, каде што е поврзан со спелено брашно и семе од лен, кои се одличен извор на омега 3 масни киселини.