Цезар салата не доаѓа од Рим: 13 факти за Мексико кои ќе ве изненадат
Колку појужно, толку потажно? Според овие можеби помалку познати факти и весели Мексиканци, не би кажале такво нешто. Откријте ја магијата на Мексико со помош на овие неколку факти.

1. Цезар салата не доаѓа од Рим, туку од Мексико!
2. Мексико го има најмалиот вулкан во светот. Cuexcomate е висок само 13 метри и се наоѓа во близина на градот Пуебла.

3. Кога ја пеете мексиканската химна, пејте ја како што треба бидејќи во спротивно може да добиете казна.
4. Еден од најбогатите луѓе во светот е од Мексико. Мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим, кој моментално тежи нешто повеќе од 60 милијарди долари, е најбогат Мексиканец и 16-ти најбогат човек во светот. Овој сопственик на телекомуникациската компанија од 2010 до 2013 година седеше на тронот на најбогатиот човек на светот.
![]()
5. Чоколадото и чили пиперките доаѓаат од Мексико.
6. Една од најголемите мачки во светот – јагуарот, живее во јужните прашуми на Мексико.
7. Најстариот универзитет во Северна Америка е оној во Мексико. „Националниот универзитет на Мексико“ е основан во 1551 година.

8. Границата меѓу Мексико и САД е втората најдолга граница во светот.
9. Мексико е втора најрелигиозна земја во светот. Првата е Бразил.
10. Мексико Сити е изграден на темелите на стариот град на Ацтеките – Теночтитлана. Се наоѓал на остров на езерото Тексоко, а во екот на својата моќ бил еден од најголемите градови во светот со околу 200.000 жители. Градот бил уништен од шпанските конквистадори.

11. Ескамол или мексикански кавијар е името на јајцата од мравки кои се подготвуваат на повеќе начини. Барањето мравки и чистењето трае многу време, па затоа се многу скапи.
12. Кога подарувате рози во Мексико, држете се до традиционалните црвени рози, бидејќи жолтата роза симболизира смрт.
13. Денот на мртвите во Мексико е толку посебен што е под заштита на УНЕСКО. Во пресрет на Денот на мртвите, Мексиканците прават олтари за своите мртви и на тој начин ги пречекуваат нивните души. На олтарот е омилената храна на покојникот, но и некои од нивните предмети.
