ChatGPT апсолутно поразен во шах од ретро игра, стара 50 години – ќе победел само ако играта почнела одново
Инженерот Карузо сподели комично, но значајно искуство во кое ChatGPT — најсовремениот јазичен модел — беше „апсолутно поразен“ од Atari Chess, игра стара речиси 50 години. Сè започнало со разговор за историјата на вештачката интелигенција во шахот, по што ChatGPT самоуверено се пријавил да игра со цел да види колку брзо може да победи игра што размислува само еден до два потези однапред.
И покрај тоа што му бил обезбеден базичен распоред на фигури и објаснување на правилата, ChatGPT набргу почнал да прави грешки: ги мешал топовите со ловците, ги читал погрешно потезите и „постојано ја губел смислата“ за тоа каде се наоѓаат неговите фигури. Кога играта била префрлена на стандардна шаховска нотација, перформансот не се подобрил — што укажува дека проблемот не бил само во визуелното препознавање.
Во што бил проблемот?
За 90 минути, ChatGPT направил толку многу грешки што, според Карузо, „би бил исмеан дури и во шаховски клуб за трето одделение“. Уште покомично, моделот постојано тврдел дека би победил „ако само почнат одново“ — и тоа во прво лице множина, велејќи дека „ние“ ќе победиме, што многумина го најдоа и збунувачки и малку морничаво.
Од друга страна, Atari Chess, со својата едноставна 8-битна машинерија и стратегија базирана на брутална пресметка на потези, продолжила да игра смирено и сигурно — без јазични модели, без „интелигенција“ и без блефирање.
ChatGPT не е создаден за со игри со строги правила
Иако нема видео запис од оваа партија човек-бот-ретро-компјутер, целото искуство е уште една потсетување дека ChatGPT не е создаден за игри со строги правила и прецизни пресметки — барем не уште. А во меѓувреме, Atari останува скромен, но упорен шампион.
Коментирај анонимно