Чистач на плажи ќе добие 600.000 евра за оваа необична „грутка“
Додека одел по песокот во Сонгхла, јужниот дел на Тајланд и барал отпад за рециклирање во средата наутро на 11 декември, Сурачет Чанчу забележал сива грутка на брегот.
Тој веднаш се посомневал дека може да станува збор за амбергис – вредна супстанција која се формира во дигестивните трактати на китови, која е исто така барана состојка во индустријата за парфеми.
Откако ја земал грутката ја однел дома и решил да изврши брз тест за да утврди дека навистина се работи за амбергис. Сѐ што му било потребно било запалка, која ја доближил до грутката и таа испуштила пријатен мирис. Тогаш Сурачет знаел дека „добил на лото“. Но, не знаел колку.
Тој чека моментално владините службеници да го потврдат неговото откритие и неговата вредност според големината ќе изнесува 600.000 евра, па можеби и повеќе во зависност од квалитетот.
Амбергис, наводно, може да остане во океанот повеќе од 100 години откако ќе се формира од секреција на жолчниот канал во цревата на китот. Како убаво вино или убаво сирење, созрева во текот на многу години – се вели дека има „незаборавна, уникатна арома“.