Членови на банда добија сурова казна во затворот во Ел Салвадор откако предизвикале бунт

Претседателот на Ел Салвадор неодамна предизвика контроверзии со споделување на фотографии на членови на банда кои биле соблечени и поставени во тесна формација како казна за бунтот што го предизвикале во затворот.

Застрашувачките фотографии беа споделени на официјалниот профил на претседателот Наиб Букеле на Твитер, откако тој нареди 24-часовно затворање на затворите, додека полицијата испитува бројни убиства.

Фотографиите направени во затворот Изалко, покажаа контраст на мерките за социјално растојание што се спроведуваат низ целиот свет, бидејќи затворените членови на бандата може да се видат едни до други во долги редови, при што повеќето носат само шорцеви, а некои носат заштитини маски.

Полицијата можеше да се види како стои над затворениците, носи маски и опрема за бунтови. Букеле ги сподели фотографиите откако беа пријавени 22 убиства во еден ден, што е најголемото количество од мандатот минатата година. Претседателот се чини дека верува дека наредбите за насилството потекнувале од затворените лидери на бандите.

Како и споделување на фотографиите, Букеле издаде наредби на полицијата да ги смести членовите на бандите во затворени ќелии, и им даде дозвола на властите да користат смртоносна сила против припадниците на бандата на улиците.

Додека беа на разгледување на затворот од Ројтерс забележаа како вработени заваруваат метални плочи на вратите на ќелиите на затворениците.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!