Човечката Кен кукла стана Барби

„Човечката Кен Кукла“ Роди Алвеш се изјасни како трансродово лице изјавувајќи дека отсекогаш знаел дека е Барби. Претходно позната како Родриго, ѕвездата на шоуто Големиот брат сега се претставува под името Роди и вели дека се чувствува „неверојатно“ што конечно може да му каже на светот дека е „девојка“.

Роди (36) ќе ја заврши својата транзиција следната година со хирургија за промена на полот; таа во моментот користи хормонски инјекции за да добие женски колкови и гради.

36-годишната, која е од Бразил, а живее во Лондон, рече дека нејзината потрага по прифаќање како жена започнала уште кога била мало момче, додека се облекувала во облеката на мајка си. Таа била малтретирана на училиште затоа што била женствена бидејќи нејзиното тело произведувало повеќе естроген од просечниот маж, што довело до тоа да добие гради како дете.

Роди верува дека малтретирањето ја поттикнало да стреми кон успех во животот, што ја натерало да се пресели во Велика Британија на 20-годишна возраст и да добие универзитетска диплома.

Таа, исто така, ќе го отстрани Адамовото јаболко, ќе го смени обликот на вилицата. Потоа, таа ќе претрпи инверзија на пенисот и ќе ги отстрани тестисите.