Човек ја изгубил својата куќа за 467 денари откако не платил данок на имот

Пензионираниот инженер, Ури Рафаели, случајно не го платил данокот откако во 2011 година го купил имотот во Саутфилд во Мичиген, САД. Тој платил 60.000 долари за куќата и имотот и вложил и дополнителни пари со цел да ја издава и да живее од киријата во пензионерските денови.

Иако редовно плаќал даноци во 2012 година добил известување дека не го платил даноток од 496 долари за 2011 година. Човекот решил да го подмири овој долг и напишал чек. Но, ненамерно направил грешка и платил 467 денари односно 8,41 долари помалку.

Како резултат, округот Оукланд го заплени имотот на 83-годишникот и го стави на аукција. Сега се проценува дека куќата чини 129.507 долари. Овој потег бил легален според законот 123 од 1999 година, бидејќи Мичиген дозволува во округот многу авторитет кога станува збор за справување со неплатени даноци, вклучително и брзање во постапката за присилна наплата на даноци.

Според законот 123, имотот се смета како потенцијален за одземање ако не се платат даноци во претходната година. Ако заостанатите такси останат неплатени по две години, округот може да го одземе имотот – тоа е она што се случи кога Рафаели имаше неплатен данок од 2011 година, а тој не успеа да го плати во 2013 година поради неговата грешка.

Сега 83-годишникот ја тужи државата и тој и неговиот адвокат се надеваат дека овој закон нема да овој начин да оштети уште повеќе луѓе.