Човек го однел автомобилот кај механичар поради „чудни звуци“ и тие го откриле најнеобичниот „квар“

Поправањето автомобили е рутинска работа за секој автомеханичар. Најчесто се работи за слични проблеми и механичарите и не размислуваат многу кога ги поправаат и денот знае да биде исполнет со монотонија.

Сепак овие механичари од Кентаки, САД имале навистина возбудлив ден откако им дошол клиент и им се пожалил дека моторот му прави „чудни звуци“.

Енди Воркмен како и обично не размислувал многу и веднаш ја отворил хаубата. Но, не очекувал дека толку брзо ќе го реши проблемот на овој човек, затоа што „проблемот“ испаничено зјапал во него. Во автомобилот на човекот имало голем лут опосум кој го разбудиле од спиење.

Опосумот бил фатен и безбедно пуштен во природата зад механичарската работилница. Енди вели дека животните знаат често да си направат гнездо во автомобилите, а често оваа нивна „наивна намера“ завршува кобно понивните животи.