Човек кој што го прекрши карантинот на плажа во Италија стана вирално меме
Римини е град на јадранскиот брег во Италија со над 22 векови историја. Неодамна во неговата историја беше додадена нова страница, но прилично смешна.
Канцеларијата за односи со јавност на општината во градот сподели воздушна фотографија на еден човек како го прекршува карантинот. Во неа, се гледаат двајца полицајци кои се приближуваат кон него, оставајќи ги своите четвороцикли зад себе на песокот.
За борба против вонредната состојба COVID-19, полициските службеници во Римини пилотираат беспилотни летала над локалните паркови, плажи и други области. За само три дена од почетокот на операцијата, тие фатија 1204 лица кои ги прекршуваат правилата за карантин.
Властите се надеваат дека овие патроли не само што ќе се погрижат за престапниците, туку на прво место ќе ги одвратат луѓето од кршење на прописите.
Сепак на луѓето фотографијата од човекот кој безгрижно си лежи на плажата премногу им се допаднала па одлучиле да направат меме од неа. Така непознатиот прекршител стана дел од историјата.