Човек кој мислел дека ќе умре од корона во болница признал убиство, но сега е здрав и го чека затвор
Дејвид Милер решил да го признае својот грев од мрачното минато пред да „почине“ од коронавирусот. Тој не знаел дека ќе преживее и ќе се соочи со последиците од неговото ужасно минато. 43-годишниот маж бил во болница и откако состојбата не му се подобрувала, а сите околу него почнале да умираат го фатила паника и почувствувал потреба да се исповеда, да ги каже своите злосторства и да побара прошка од Господ.
Милер признал дека е убиецот кој стои зад случај поврзан со исчезнато лице во октомври 2009 година. 18-годишната Лиза Ноулс била прогласена за исчезната, а 5 години подоцна ја прогласиле и за мртва иако нејзиното тело никогаш не било пронајдено.
Во тој период Дејвид бил нејзин сосед во Марин Сити во областа Беј. Дејвид кој се преселил во ЛА две години откако девојчето исчезнало, признал дека ја убил откако ја силувал, а потоа ја закопал во плиток гроб. Нејзините родители се сомневале дека Дејвид има врска со убиството, но од полицијата им кажале дека тој воопшто не е сомнителен.
Во 30-минутното признание Милер се извинува на родителите на девојчето и ги открива координатите каде се наоѓа гробот. Тој дури рекол дека сега неговото срце е мирно и може да почине затоа што го прогонувала болката и страдањата на семејството на девојката.
Медицинската сестра која го сослушала го прашала дали може да ја сними неговата исповед а тој се согласил. Таа вели: „Ја снимив исповедта и ја предадов на полицијата,а тие не губеа време, дојдоа и го однесоа во друга медицинска установа, а три дена подоцна полицаец се јави во болницата и ни рече дека пациентот закрепнал и тој ќе оди во затвор веднаш штом се покаже дека е негативен на вирусот.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!