Човек кој се преправал дека сака да купи женски чевли поради фетиш, доби совршен одговор од продавачката

Една жена решила да се ослободи од старите чевли така што ќе ги продаде преку Фејсбук група за продажба на половни работи. Луѓе почнале да се распрашуваат за двата пара чевли на високи потпетици, а дел од нив биле и мажи.

Еден од мажите бил упоредн жената да му ги фотографира чевлите додека ги носи за да „види како стојат на ногата“ и да ги купи за својата девојка. Тој дури побарал и близок кадар.

За изненадување на жената уште неколку мажи го побарале истото сите тврдејќи дека ги купуваат за своите „девојки“. Затоа таа се изнервирала и решила да им одржи лекција. Таа им кажала дека ќе им ја исполни желбата некој да ги проба чевлите, но нема таа да биде моделот.

Во ова и помогнал нејзиниот најдобар пријател. Жената вели дека кучето без проблем позирало со цел да ги избрка досадните мажи со фетиш за стапала и навистина ѝ успеало. Откако ги пратила фотографиите ниту еден од мажите не ѝ пишал повторно. Таа првин сакала нејзиното момче да ги обуе чевлите, но за жал тој не можел ниту малку да влезе во нив, но затоа верниот пес заврши голема работа.