Човек од Глазгов страда од трајна „возбуденост“ по ужасна несреќа на работното место

Џејмс Скот се срами да се види со својата 9-годишна ќерка по низата несреќни настани кои му донеле хаос во животот. Тој се здобил со тешки повреди на карлицата, откако во работна несреќа паднале 1,5 тони стакло оставајќи го со скршеница на коската во ‘рбетот и блокирана уретрата. Исто така, претрпел четири повреди во пределот на препоните.

Тој беше подложен на операција за санирање на штетата направена на неговиот пенис две години подоцна, но компликациите во текот на постапката предизвикале да не може да добие ерекција.

Затоа Џејмс се одлучил да направи уште една операција каде хирурзите вметнале метални шипки во неговиот пенис, а потоа го оставиле со трајна ерекција. Ова го направило Џејмс затвореник на својот дом.

Скот веќе не може да облече панталони бидејќи има многу болка и не се гледа со својата 9-годишна ќерка затоа што премногу се срами од својата постојана ерекција.

„После операцијата, не бев во можност да добијам ерекција, така што немав друга опција. Тие вметнаа метални шипки во мојот пенис. Ми кажаа дека ќе биде болно околу шест до осум недели после, но никогаш не очекував вакво нешто. Сега добив постојана ерекција и сум во агонија. Не можам да поднесам ништо да го допира. Не можам да носам облека. Тоа е кошмар.“, вели Џејмс.

И покрај неговата постојана болка, 57-годишниот тврди дека лекарите одбиле да го посетат неговиот дом за да го решат проблемот, бидејќи неговиот вообичаен општ лекар во моментот е на годишен одмор и нема друг машки лекар што може да го прегледа. „Сигурно машките и женските лекари секојдневно ги проценуваат пациентите од спротивниот пол“, вели тој.