Човек од Тајланд останал во шок откако отишол во тоалет и извадил огромна тенија
Еден човек во Тајланд добил повеќе отколку што барал откако отишол во тоалет и од својот задник извлекол неверојатно долга тенија. 44-годишниот фотограф Критсада Ратпрохом од Удон Тани во североисточниот дел на Тајланд го однел своето дете на училиште и тргнал да оди во тоалет.
Откако „завршил работа“ Критсада забележал дека нешто излегува од неговиот задник. На човекот претходната недела му било отстрането слепото црево така што помислил дека станува збор за некаков конец што останал по операцијата. Тој брзо сфати дека лепливиот и растеглив предмет не е парче конец, туку жива тенија.
Кога го оставил црвот тој почнал да се мрда, а потоа го фрлил во тоалетната школка. Тој вели дека не знае како дошло до тоа да се создаде таков црв во него.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!