Човек одглумил дека е доставувач и украл виски во вредност од 20.000 евра

Некој во Ливерпул би можел да има многу радосен Божиќ, откако повеќе од 3000 шишиња виски биле украдени од лажен доставувач.

Шишињата од ирското виски Jameson вредни околу 20.000 евра биле натоварени во приколка на „МекБурни Транспор“ која немала соодветен надзор. Еден крадец ја извел целата акција.

Тој се облекол во елече и ставил работен шлем за да се вклопи во околината. Никој добро не го забележал и ен се посомневал дека овој човек можеби не работи таму. Тој брзо и едноставно си ја прикачил приколката на возило и си излегол од паркот.

Полицијата сега апелира за информации во врска со кражбата откако приколката подоцна била пронајдена фрлена на патот Абертон во Волтон, секако празна. Се верува дека вискито наскоро ќе се појави на црниот пазар и полицијата ја разгледува и таа опција.