Човек одлучил што е можно повеќе луѓе да знаат дека на неговото куче му е роденден

Луѓето знаат да претеруваат и да прават „забави“ за роденденот на нивните кучиња, но овој човек навистина реши да претера во креативноста.

Макс Чевнинг сакаше да го прослави првиот роденден на своето куче Дод во стил. Тој сакал сите да знаат за роденденот на неговото куче.

Така тој контактирал компанија за изработување билборди и решил на билбордот на сите да им каже дека на неговот куче му е роденден. Од Компанијата за билборди велат дека ова им е прва нарачка од ваков тип. На огромниот билборд се Макс и Дод како и роденденска честитка до крзнениот пријател.

Макс објаснува дека бидејќи нема девојка, решил да ги потроши сите свои пари на неговиот најдобар пријател Дод, за кој смета дека е „подобрата опција“. Во видеото во кое Макс го „изненадува“ Дод со билбордот Макс изгледа дефинитивно повозбуден, но сигурни сме дека и кученцето си поминало добро, кога има ваков луд сопственик кој многу го сака.