Човек починал 4 години откако неговиот колега му го затрул сендвичот

Еден млад човек кој бил во кома скоро четири години откако неговиот сендвич бил затруен од колега починал. 26-годишникот се разболел летото 2016 година, откако ја завршил смената во германска компанија за метал и отишол во болница откако не можел да престане да повраќа и не можел да оди.

Тогаш 23-годишниот човек познат само како Ник Н, паднал во кома и претрпел сериозно оштетување на мозокот. Причината за неговиот ненадеен пад подоцна се идентификувала како труење со жива.

Лекарите сфатиле дека Ник проголтал оловен ацетат и жива, но со години никој не можеле да сфатат како можел да стапи во контакт со смртоносниот токсин – сè додека двајца други соработници во фабриката не се разболеле во слични околности.

Случајот излегол на виделина во 2018 година, откако еден колега во компанијата АРИ Арматурни, во градот Шлос Холт-Стукенброк, во северозападна Германија, забележал бел прав на лебот за време на неговата пауза за ручек.

Подоцна биле наместени надзорни камери и така бил фатен виновникот именуван само како Клаус О, 57 години. Тој ја оставал супстанцијата во сендвичите на неговите колеги. Овие материи доколку се проголтаат, може да доведат до сериозно оштетување на органите. Понатамошни претреси во домот на Клаус О откриле жива, олово и кадмиум.

Клаус О, кој работел во фабриката 38 години, бил осуден за обид за убиство и телесна повреда во март во три случаи, откако двајца други колеги се здобиле со оштетување на бубрезите. Тој бил осуден на доживотен затвор, но сега е обвинет и за убиство бидејќи Ник починал.

Сепак, случајот е далеку од затворен бидејќи Ник Н сега е најмалку 22-ри вработен во АРИ Арматура, кој починл пред да достигне старост за пензија во последните 20 години – зголемувајќи ги стравувањата дека 57-годишниот Клаус О можеби отрул многу повеќе луѓе. Полицијата сега почнала да ги ексхумира телата на починатите поранешни работни за да се обиде да утврди дали се работи за труење.