Човек со детектор за метал пронајде паричка вредна 8.000 евра, стара над 1.000 години

Ретка паричка од краткото владеење на кралот-момче Едвард маченик пред повеќе од 1.000 години ја пронашол човек со детектор за метал, кој почнал да се занимава со ловство на богатство како хоби.

Монетата од Саксонија ја отсликува главата на Едвард Маченик, кој имал само 13 години кога бил крунисан за крал по смртта на неговиот татко Едгар во 975. Тој владеел со Англија три години пред да биде убиен во 978 од приврзаниците на неговиот полубрат.

Паричката била пронајдена на 12 сантиметри под земјата, од страна на 68-годишниот пензиониран општински работник, кој сака да остане анонимен. На едната страна од сребрената монета се наоѓаат зборовите „EDPEARD REX ANGLORX“ што се преведува како „Едвард крал на Англичаните.

На задната страна се наоѓа мал крст во центарот со зборовите „AELSTAN M’O CANT“. Вредноста на ваквите монети зависи од нивната реткост и нивната состојба. Историчарите сѐ уште не знаат како монетата стигнала до полето.