Човек вложил мнгу напор за да му го врати паричникот на момче кое го изгубило пред 7 години
Губењето на паричникот може да биде катастрофа. Замислете си дека сте излезени да се забавувате, веројатно и малку пинати и одеднаш сфаќате дека ви го нема паричникот. Во зависност од тоа што имате во него, ноќта може брзо да се уништи, проследено со уште пострашен ден кога ќе мора да барате нова кредитна картичка, лична карта, а можеби дури и нова возачка дозвола.
Сепак, за некои луѓе, овие мали несреќи можат да се претворат во нешто навистина добро. На пример, Џејмс го изгубил својот паричник пред 7 години и оваа работа го натерала да посака да си го смени животот.
Џејмс вели дека во тој период имал 25 години, студирал и бил во „токсична врска“. Тој постојано се смирувал и разделувал со неговата девојка, заедно консумирале алкохол и наркотици. Една вечер кога наводно се договориле да се видат во еден паб како пријатели, по неколку чашки завршиле во креветот на неговата поранешна девојка.
Кога станал наутро Џејмс сфатил дека му го нема паричникот. Тој се вратил во пабот каде што биле претходната вечер, но никој не го пронашол. Ова била последната капка која ја прелеала чашата. Џејмс сфатил дека постојано се уништува и саботира себе. Така веќе наредниот ден решил да аплицира за да работи како предавач во Париз. Од Калифорнија тој заминал во Париз на една година и иако вели дека платата била мала и едвај преживувал сепак научил многу животни лекции во тие времиња.
По една година се вратил во САД добил работа и моментално работи на својот докторат кога добиел необична порака. Кевин, сопственикот на пабот каде што пиел таа вечер му пишал порака дека паричникот кој го изгубил пред 7 години е пронајден.
Тие го реновирале ресторанот и во тој момент го пронашле стариот паричник во кој немало ништо посебно и вредно, но сепак имал големо значење во одлуката на Џејмс да си го промени животот. Џејмс иако се согласил да си го земе кога ќе заврши пандемијата Кевин му кажал дека не е проблем да му го испрати по пошта. Кевин вложил прилично труд, посебно поради ситуацијата за да го пронајде Џејмс.