Човекот кој е на суд поради обвинение за дрога, реши да си ги смири нервите на „најлогичниот начин“

Што правите кога сте на суд за поседување дрога? Прашајте го Спенсер Бостон. тој очигледно има многу креативни идеи. Спенсер се појавил на суд во Тенеси за помало обвинение за дрога, но самото судење зема сосема неочекуван замав, по потегот на Спенсер.

20-годишното момче во судницата си извадил џоинт и без око да му трепне си го запалил и почнал да си пуши.

Секако никој не се изненадил со фактот што тој добил уште едно обвинение за консумирање на наркотици веднаш по неговиот „настап“. Кога го прашале зошто постапил така, тој рекол дека сакал да изврши „притисок“ за легализирање на марихуаната.

Ентузијастот за марихуана дувал и почнал да зборува за нова законска регулатива и наскоро бил отстранет од судницата. Видео-снимките од инцидентот објавени од канцеларијата на шерифот, покажуваат дека Бостон излегол пред судијата Хејвуд Бери и извадил од џебот марихуана, ја запалил со кибрит и почнал да пуши. Шерифот вели дека ова е најлудото нешто што го виделе во судница, а присутните почнале и да се смејат. Можеби им е од тревата…