Човекот направил селфи со берберот во 1970-тите и ја продолжил традицијата до денес

Има нешто волшебно кога цел живот ќе бидете верни „муштерии“ за одредена услуга на одредена личност. Без разлика дали станува збор за пекар, месар, цвеќарница, продавач во книжарница или фризер, луѓето имаат тенденција да бидат лојални на нивните локални професионалци. Еден пример дека лојалноста е неверојатно важна за луѓето е Сем Фар од Бристол. Тој оди во истата берберница кај Џо Пејс веќе 40 години.

Фар ги документирал посетите на берберницата на Пејс со селфи во огледалото. На фотографиите е прикажано како берберот и клиентот се менувале со текот на годините од 1970-тите. Убавата работа е што Фар оди во сосема друг град за да го посети Пејс за нова фризура.

1973

1985

2007

Денес

Двајцата пријатели во „акција“