Човекот не го видел неговиот 19-годишен мачор цели 7 години откако исчезнал, но судбината повторно ги спои

После 7 години поминати без неговиот верен пријател Чебон, Роберт изгубил надеж дека некогаш повторно нивните патишта ќе се спојат, а дури го помислил и најлошото. Еден ден Роберт добил повик од жена која му кажала дека го пронашла неговиот 19-годишен мачор и го однела на ветеринар каде според чипот ѝ потврдиле дека е негов.

Роберт не можел да поверува и иако се сомневал дека станува збор за некоја грешка сепак купил авионска карта и се вратил во градот каде што претходно живеел. Очигледно Чебон со години талкал низ улиците, но сега повторно ќе има свој топол дом.