Семејството помислило дека некој им го ограбил домот, но наскоро им станало јасно кој е „провалникот“

Кога Дилан Рајнор, неговата мајка Шерон и нејзиниот партнер Ник се вратиле дома по неколку часа поминати во шопинг ги пречекал целосен хаос. Скоро ништо не било на свое место, а особено кујната била во непрепознатлива состојба.

Шерон веднаш помислила дека некој им влегол во куќата за да ги ограби. Но, кога влегле внатре веднаш им станало јасно што се случило.

Семејството ја оставило 1-годишната Дејзи без надзор и таа решила да им го преуреди домот. Непослушното црно кученце не можело да дочека сопствениците да се вратат па најверојатно од досада успеало да уништи се што ѝ се нашло на патот.

Дилан ја носел Дејзи на тренинзи за кучиња, но тоа очигледно не ја менува нејзината „дива“ природа. Дејзи е хиперактивно кученце кое исто така има хоби да краде чорапи. Кој би рекол дека некој со вакво лице може да направи вакво нешто?