Човекот решил да ја запроси својата девојка на едноставен, но необичен начин
Некои луѓе со недели го планираат запросувањето на нивните сакани, но овој човек докажа дека за сѐ ви се потребни цели 20 минути. Жена од САД раскажа како нејзиното момче во еден момент помислило дека е добро да ја запроси и пред да се разбуди ѝ подготвил мало слатко изненадување.
Жената вели дека таа се смеела кога ќе слушнела за ваков тип на запросувања, но сега сфатила дека е прилично симпатичен начин за да се направи тоа. Нејзиното момче, додека таа спиела, отишло во Волмарт, разговарало со нејзината најдобра пријателка, ја прашал каков прстен би сакала неговата идна сопруга и откако таа му објаснила, купил прстен, а по пат ѝ го купил и омиленото јадење, McNuggets од Мекдоналдс.
Така тој решил да ја разбуди со кутијата знаејќи дека таа нема да може да го одбие нејзиниот омилен оброк. Кога прв пат ја отворила кутијата и ја здогледала малата црна кутија си помислила дека се работи за многу необично спакуван сос, но кога малку се расонила сфатила што се случува.
Секако жената кажала „Да“ и сега е во брак со својот едноставен и креативен сопруг кој за 20 минути решил да го смени својот и нејзиниот живот. Што мислите вие за ваквите запросувања?