Човекот сакал да си ја прекопа градината и случајно дошол до неверојатно откритие
Џон Брејшоу се преселил во новата куќа во Западен Јоркшир, заедно со сопругата и двете деца пред 6 месеци и тој не ни можел да замисли какво богатство се крие во неговата градина под тревата.
40-годишниот Џон сакал да си ја уреду градината па почнал да копа и тогаш дошол до неверојатното откритие.
Одеднаш наишол на нешто тврдо и првин си помислил дека станува збор за старо засолниште, но набрзо го открил покривот од автомобилот. Автомобилот бил закопан на страна.
Тој допрва треба да го открие целиот автомобил, но заснован на стилот на контролната табла и управувачот тој верува дека станува збор за Ford Popular 103e од 1955/56 година.
Автомобилот се произведувал во Англија во периодот меѓу 1953 и 1962 година и ја имал најниската цена помешу автомобилите од тоа време во Велика Британија.
Парот кој живеел во куќата на Џон е починат, но нивните роднини им кажале дека тие двајца за 50 години никогаш не направиле нешто со градината.
Зошто автомобилот е закопан останува мистерија. Исто така Џон не можел да најде податоци дека автомобилот бил регистриран.