Човекот сакаше да биде хуман и го пушти глушецот на слобода, но природата е сурова
Семејството Хајден, од Минеаполис, Минесота имало глушец во куќата. Таткото Џон забележал дека животното ја јаде храната која ќе ѝ падне на неговата 1-годишна ќерка. Сепак тој успеал да го фати глушецот со хумана стапица, а неговиот 6-годишен син сакал дури да си го чува како милениче.
Секако Џон му кажал дека глушецот ќе е многу посреќен надвор на слобода и решил да го сними моментот во кој тој ја искажува својата добра волја. Токму во тој момент природата ја покажа својата суровост и му даде до знаење како функционираат работите во светот…
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!