Човекот се нурна во смртоносни струи за да го спаси своето сакано куче

Кучето е најдобриот пријател на човекот, но ова не значи дека и човекот не треба да му возврати на пријателството. Херојот видел како неговото куче паѓа во водите на реката Синај, во округот Сан Мигелито во Панама, откако силното невреме предизвикало смртоносни струи во реката.

35-годишниот Мануел Калдерон не сакал ниту да размислува за својот живот и тргнал веднаш да го спаси својот пријател. Во видеото, белото куче може да се види како се двоуми во плитката вода пред да се обиде да дојде до сопственикот кој го чека на другата страна.

Мештаните велат дека Калдерон, кој продава зеленчук за живот, веќе ја преминал реката со надеж дека неговото куче Фуло ќе го следи. Човекот веројатно мислел дека кучето ќе може да помине без проблем, но брзата вода се покажала премногу моќна за кученцето и Фуло исчезна во реката, откако се обиде да стигне до Калдерон.