„Чудни и интензивни“ соништа за време на карантинот стануваат секојдневие за најголем дел од луѓето

Нашите животи може да забават, но нашите фантазии не можат да го задржат темпото. Повеќе од кога и да било, ноќниот одмор станува портал за ултра живи соништа и кошмари. Изминатите неколку недели забележавме сеизмичка промена на начинот на кој функционира општеството.

Еден неочекуван нус-производ на овие мерки се необични соништа. Така што доколку мислевте дека ова ви се случува само на вас, не грижете се не сте луди, ваквата реакција е нормална.

Сепак, повеќето соништа се чини дека се врзани за тековните околности, голем дел на чудни соништа се објавуваат на профилот на Твитер @quarandreams каде што еден корисник напишал: „Минатата ноќ сонував дека треба да одам во продавницата и никој таму не веруваше во социјално растојание и сите продолжуваа да ми се приближуваат и да ме допираат и морав да ги удирам луѓето во лице за да излезам.“ (во ред ова е и реалност во Македонија, а не кошмар)

Деирдре Ли Барет, доцент за психологија на одделот за психијатрија на Медицинскиот факултет „Харвард“ и автор на „Комитетот за спиење: Како уметниците, научниците и спортистите ги користат своите соништа за решавање на креативни проблеми – и како можете да го сторите тоа“, во моментов спроведува истражување за соништата.

Таа вели дека е нормално луѓето да имаат соништа поврзани со вирусот, болест, смрт и слично, а истакнува дека медицинските работници најверојатно имаат уште пострашни кошмари.

Според Роберт Боснак, психоаналитичар и поранешен претседател на Меѓународната асоцијација за проучување на соништата, тоа се случува насекаде, тој изјави за: „Јас работам во моментов во САД, Австралија, Индија, Кина и Јапонија. Приказната е иста насекаде. Луѓето сонуваат бура.“

Промените во начинот на спиење на луѓето, исто така, можат да предизвикаат поживописни соништа – на пример, минатата недела, во еден чуден масовен период на „несоница“ луѓето низ цела Британија не можеле да заспијат.