Чиа пудинг со јаболко и цимет: Одличен сезонски десерт, лесно можете да си го направите дома, а толку е здрав што немате грижа на совест додека го јадете
Овој рецепт за чиа пудинг со зачини и јаболка е вкусен избор за појадок што тешко дека нема да ви се допадне уште од првата проба. Наместо само да ги накиснете чиа семињата во обично млеко, тука ќе го збогатите течниот дел со дополнителен вкус преку варење со цимет. Овој едноставен чекор додава прекрасна топлина од зачините во финалниот резултат. Пудингот може да трае цела работна недела во фрижидер, било да го чувате во мали теглички за појадок за по пат или да го јадете од поголем сад. Останува само да го додадете омиленото овошје пред сервирање. Препорачуваме јаболка или смокви, но и шумското овошје ќе ве воодушеви.
Прилагодете го овој основен појадок по ваш вкус. Можете да користите млеко од животинско или било кое растително млеко по ваш избор. Одберете помеѓу путери од јатки и семиња.
Состојки:
- 3 чаши млеко (од животинско или растително, без шеќер)
- 3 стапчиња цимет (должина околу 10 см)
- 1 чаша обичен грчки јогурт
- 1/4 чаша чист јаворов сируп, плус уште за сервирање (по желба)
- 2 лажици природен кремаст путер од јаткасти плодови (како бадем или кикиритки)
- 1 лажица чист екстракт од ванила
- 1 лажичка кора од портокал (од 1 портокал)
- 3/4 чаша чиа семе
Упатство:
Загрејтете го млекото и циметот на умерена температура додека не почне да врие. Отстранете од оган и оставете да отстои 20 минути.
Измешајте ги јогуртот, јаворовиот сируп, путерот од јатки, ванилата и кората од портокал во голем сад додека не се соединат.
Исцедете ја смесата со млекото низ цедалка во садот со јогрутот. Матете додека не се изедначи. Додадете ги чиа семињата и мешајте повремено, околу 15 минути додека смесата не почне да се згуснува.
Поделете ја смесата во 6 (230 мл) теглички. Покријте и ставете во фрижидер додека не се згусне, најмалку 4 часа или до 5 дена.
Пред сервирање, додадете јаболка или смокви и потпечени бадеми на врвот, и посипете со цимет. Сервирајте со повеќе јаворов сируп, ако сакате.
Совет за подготвување однапред: Чувајте го пудингот во фрижидер, без додатоци на врвот и покриен, до 5 дена.
Коментирај анонимно