„Чипсот од марула е генијален начин за да ги натерате вашите деца да јадат повеќе зеленчук“ Хм, што мислите, дали вашето дете би го јадело ова?
Испробаниот трик на професионалката за готвење Кетлин Ешмор за внесување зеленчук во исхраната на нејзините деца е „чипс од зелена салата“, или исечени парчиња марула натопена во нејзиниот домашен прелив за салата од црвена пиперка.
Приватната готвачка, која стана и блогер за храна, може да се пофали со милиони следбеници на платформите на социјалните мрежи каде што редовно ги објавува своите рецепти.
„Вака ги терам моите деца да изедат цела главица зелена салата“, рече таа во вирално видео објавено и на „Инстаграм“ и на „ТикТок“.
Додека некои мислеа дека трикот е генијален, други родители беа поделени и ги изразија своите размислувања во коментарите.
Некои родители ја пофалија Ешмор за нејзиниот креативен начин да ги убеди децата да јадат зеленчук – други открија проблем со нејзиното означување на сировата зелена салата како „чипс“, велејќи дека нивните деца не се глупави и знаат дека не е чипс.
„Ниту едно дете не го јаде ова“, се пошегува една личност на „Инстаграм“.
Главно, се чинеше дека гледачите имаат најмногу проблеми со „хранливата вредност“ на зелената салата, за која повеќе луѓе тврдеа дека ја нема. Иако марулата се смета засовршена за диета, поради нејзината нискокалорична содржина, таа исто така е полна со витамини А, Ц и К плус фолати, калиум, магнезиум и калциум.

Коментирај анонимно