Чист адреналин и акција: „Експлозивна серија“ каква што досега немало во Македонија(Видео)

Во Македонија одамна немало нова серија која ќе ги заинтригира луѓето и ќе внесе малку акција во секојдневниот живот. Сепак можно е да има крај на овој „сушен период“.

Серијата BLACK OPS или „Тајни операции“ ќе прикажува една поинаква приказна од таа што сме навикнале да ја гледаме. „Тајни операции“ го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.

„Звучните“ имиња во актерската екипа се токму оние кои ги заинтригираа луѓето едвај да чекаат да ја гледаат првата сезона. David Mukka, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други ќе бидат дел од светот на BLACK OPS, кој е полн со драма, неизвесност и секако акција.