Чист бизнис: Полицајци конфискувале 160 килограми канабис и смислиле криминален план

Офицерите од полициската станица Jахангирпури во Делхи, Индија биле вклучени во рација на 11 септември годинава, при што биле одземени вкупно 160 килограми марихуана и бил уапсен човек, идентификуван како Анил. Сепак четворица полицајци одлучиле на друг начин да ја искористат оваа прилика.

Работејќи заедно со другиот персонал, четворицата полицајци, вклучително и двајца под-инспектори и двајца главни инспектори, го заплениле канабисот од просторијата во блокот во Јахангирпури, каде Анил, наводно, го чувал откако го набавил од Одиша.

Огромната количина на канабис била однесена во станицата, но набрзо 4-цата полицајци примиле мито од по 1.700 евра и Анил бил пуштен од станицата. Полицајците исто така не ја внеле вкупната количина на марихуана во извештаите и пишале дека пронашле само 1кг марихуна. Се вели дека мажите ги продале преостанатите 159 килограми марихуана и ги распределиле парите меѓу себе.

Откако првин ги привеле полицајците и не ги добиле информациите, успеале повторно да го уапсат Анил, кој им признал сѐ. Сега полицајците го чекаат своето судење, за да платат за грешките.