Член на криминална банда се разнесе за „едукативни причини“

Главниот осомничен за  повеќе од десетина бомбашки напади на банкомати се разнесе додека снимаше видео туторијал, соопшти полицијата.

Холандската и германската полиција објавија дека уапсила 9 членови на банда која основала илегален „центри за обука“, учејќи ги луѓето како да разнесат банкомати и да имаат слободен пристап во парите во нив.

Бомбашките напади на банкомати се опишани како „зголемена загриженост“ за полицијата во Европа, при што нападите во Германија резултираа со загуби од 2,15 милиони евра.

„Криминалците правеа видео упатства што им беа дадени лично на други криминалци. Главниот осомничен, 29-годишник, се разнесе додек снимаше видео туторијал. Неговиот соучесник, 24-годишник, беше тешко повреден и приведен. “, Изјави портпаролот на Европол.

„Двојката нарачувала различни модели на банкомати и снимала упатства за тоа како најефикасно да ги кренат во воздух“, вели Европол. „Касите на банкоматите биле отворени со употреба на рачно изработени експлозивни направи, што претставуваат сериозен ризик за жителите и минувачите“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!