Членови на кралските семејства кои страдале од наследни болести и „дефекти“ предизвикани од инцест

Крвна врска, стапување во брак со биолошки роднина била главната цел на кралските семејства за долго династиско владеење. На хартија, идејата има совршена смисла: со стапување во брак со роднина крвната линија останува „чиста“, се прават деца во роднинските бракови и доколку се појават конфликти тие деца стапуваат во брак со други членови од своето семејство. Што може да тргне наопаку?

Всушност, многу работи можат да тргнат наопаку. Како што веќе знаеме, благодарение на современата наука за генетика и ретроспекција на толку многу кралски несреќи, инцестот води кон болести и деформитети, од кои некои се толку тешки што целата династија едноставно исчезнувала. Всушност, некои историчари дури посочуваат дека инцестот меѓу европските кралски династии бил водечки фактор во Првата светска војна.

Со оглед на тоа што децата во кралските семејства имаат многу повисоки стапки на смртност од општата популација, може да се заклучи дека да се биде со кралско потекло не е најдоброто нешто. Еве неколку добри примери.

Јована I Кастиљска спиела покрај мртвото тело на својот сопруг

Јована I Кастиљска е постарата сестра на Катерина од Арагон. Таа била од семејството Трастамара, во која братучедите биле во брак со векови. Нејзините родители, кралот Фердинанд од Арагон и кралицата Изабела од Кастилја, биле втори братучеди. Традицијата на инцест најверојатно била причина што нивната ќерка Катерина да нема деца.

Како дете Јована била паметна, љубопитна и нервозна. На 16-годишна возраст, таа стапила во договорен брак со синот на светиот римски император, кој не бил ниту светец, ниту римски, ниту император, Филип Убавиот. Тој самиот, производ на инцест, бил голем љубовник, но Јована сепак многу се вљубила во него.

Кога се искачи на престолот по непредвидената смрт на нејзините постари браќа и сестри, таа целосно се распадна ментално, вознемирена од однесувањето на Филип кон неа. Една од неговите љубовници ја избола по лицето. Таа била буквално лудо вљубена во него. Откако починал таа спиела со неговото тело.

Кралицата Викторија веројатно ја пренела хемофилијата на европските кралски семејства

Многу од кралските великани на Европа во деветнаесеттиот и дваесеттиот век можат да бидат поврзани со кралицата Викторија на овој или друг начин. Нејзината ќерка, принцезата Александра, била мајка на царот Александар Романов, последниот Цар на Русија; баба на последниот вицекрал на Индија и прабаба на војводата од Единбург. Гените на Викторија патувале низ цела Европа.

Нејзиниот љубовник, принцот Алберт бил и нејзин прв братучед, што значи дека сите нејзини деца се плод на инцест. Имала хемофилија, која им ја пренесувала на своите деца пред болеста да стигне до сите европски гранки на династијата. Таа не страдала значително од болеста, но едно од нејзините деца и петте внуци починале од компликации предизвикани од неа.

Хемофилија се јавува кога и двајцата родители имаат рецесивен ген за тоа, а кралицата Викторија имала многу уникатен подтип познат како Хемофилија Б. Постојат шпекулации за тоа дали Едвард, војвода од Кент, всушност е нејзин биолошки татко. Принцот Алберт и Викторија морале да имаат хемофилија за да им ја пренесат на своите деца. Со толку ретка рецесивна болест, која е толку видлива кај братучедите, има предлози дека самата кралица можеби била производ на инцест.

Младиот фараон Тутанкамон имал расцеп на непцето и издолжен череп

Инцестот не започнува во Европа. Ваквите бракови датираат уште од антички Египет, кога божицата Изида се омажила за нејзиниот брат Озирис за да одржува чиста крвна линија. Тутанкамон се смета за млад фараон кој има голема самодоверба и физичка сила, но всушност бил изнемоштено и болно дете. Скенирањето на мумијата денес покажува дека тој имал расцеп на непцето, искривено стапало и издолжен череп, комбинирано со инфекција од маларија.

Првиот ДНК тест извршен на египетска мумија бил од Тутанкамон и открил дека е производ на високо ниво на инцест. Неговата мајка веројатно не била Нефертити, како што се сметало претходно, туку сестра на Акенатен. Поради нарушен имунитет предизвикан од инцест, младиот фараон веројатно не бил убиен, туку починал поради неможноста неговото тело да се справи со некроза во ногата, во комбинација со постојана маларија и други инфекции.

Тутанкамон ја прави истата грешка како неговиот татко и се оженил со неговата сестра. Нивните деца, се разбира, не преживеале.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.