Човечност на дело: Скопјанец пронашол чанта полна со пари во Рамстор и неговата постапка е за пофалба

Во лавината на негативни приказни, конечно дојдовме до една која ни предизвикува насмевка на лицата. И не станува збор за приказна од далечниот запад, туку од Македонија. Тренерот на боксерската репрезентацијата, Насер Харуни, направи нешто што заслужува вистинска пофалба.

Ѓокица Стојановски, поранешниот голман на Вардар, Пролет и Југ изгубил чанта со поголема сума на пари и иако тој најверојатно не се надевал дека повторно ќе ја види, добрината на луѓето не е за потценување. Насер ја раскажува приказната:

„Бев во Рамстор, само што излегов до паркингот пред мојата кола најдов една чанта, од љубопитноста ја отворив чантата гледам во неа имаше новчаник со документација, лична карта, возачка дозвола, банкарска картичка, и едно плико каде имаше 675 евра и 9.000 денари. По лична карта видов дека адреса беше во Кисела Вода на ул. Вера Јоциќ. Без двоумење тргнав да го најдам сопственикот на чантата.

Кога стигнав до адресата во Кисела Вода, сопственикот не беше дома, сигурно бил по потрага на изгубена чанта, зборев со комшиите, го повикаа на телефон и за 10 минути стигна заедно со своето семејство, жена, млади , деца. Му реков дали си изгубил нешто? Да, да ми рече една чанта и не знаеше што да каже, од радост му течеа солзи радосници. Се викаше Ѓокица, младо момче, семеен човек, беше со едно мало детенце во количка. Ми рече: не можам да поверувам дури до дома си ми ја донел изгубената чанта. Ме праша од каде си и како се викаш, му вратив се викам Насер и од Чаир сум. Од радост викаше о господе, и ги извади 100 евра и ми рече овие ти се бакшиш од мене, му реков нема потреба, многу пати ме замоли, те молам, те молам, барем за кафе или ручек да јадете со семејтвото . Со ово сакав да кажам, луѓето треба да се делат на добри и лоши, а со Ѓокица ќе се сретнеме повторно на некоја средба да пиеме по едно кафе, бидејќи и тој бил спортист ракометар.“

Извор: Фејсбук

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.