Човек бил уапсен затоа што вознемирувал муслиманско семејство на многу „месен“ начин

На 21 јуни, Рики Увич ја повикал полицијата во врска со неговите соседи, велејќи им дека тие „постојано го вознемируваат“. Кога полицајците од Лас Вегас одговориле на повикот, Увич се пожалил дека неговите соседи се муслимани и ги обвинил дека се терористи.

Кога полицајците го контактирале неименуваното семејство, тие рекле дека се обиделе да се спријателат со Увич, па дури и му готвеле. Како и да е, Увич сè уште имал поплаки и тврдел дека му го скршиле лустерот, и покрај тоа што никогаш не влегле во неговиот дом.

Муслиманското семејство забележало дека однесувањето на Увич се влошило откако се доселиле на почетокот на годината. Има и снимки од нивната безбедносна камера , на кои се гледа како Увич мачка сланина на нивната врата, бравата и ѕидот.

На снимката се слуша како Увич пцуе, а по инцидентот, на автомобилот на семејсвото било пронајдено парче сланина.

Муслиманите не јадат никакво свинско месо, бидејќи Куранот го забранува тоа, постои и верување дека е нечисто.

Мајката на семејството изјави: „Мислам дека тој дефинитивно не мрази и многу се обидува да направи да се чувствуваме непријатно, но да, верувам дека е кривично дело од омраза“.

Полицијата исто така го смета инцидентот за злосторство од омраза и го уапси Увич. Со оглед на постапките на Увич, властите заклучија дека инцидентот бил мотивиран од религијата на соседите.

Кога Увич се соочил со неговите наводни злосторства, тој изјавил дека „не ги сака муслиманите“ и призна дека намачкал сланина затоа што „верува дека муслиманите ги извршиле нападите на 11.09“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!