Човек доби на лото 22 милиони долари и одлучи да го одржи децениското ветување кон неговиот најдобар пријател
Тешко е да се најде добар пријател затоа долгогодишните пријателства треба да се негуваат цел живот. За ова да се случи треба да ги одржувате вашите ветувања и да си верувате едни на други. Таква е и приказната за Том Кук и Џои Феини од Меномони, Висконсин. Тие пред многу години си ветиле еден на друг дека ако некој од нив добие на лото тие би ја поделиле добивката. Многу пријатели кажуваат вакви работи, но ретко кој ги исполнува.
Пријателите купувале Powerball ливче секоја недела, но како и многу луѓе не очекувале дека еден од нив ќе биде добитникот. Зачудувачки, Том успеа да освои 22 милиони американски долари во лотаријата Висконсин, и тој не заборави на неговиот стар пријател Џои со кој пред 20 години си ветиле за делење на добивката.
Изненадувачки, страствениот рибар Џои не можел да поверува кога Том му се јавил да му ја соопшти добрата вест. Среќниот пар ја избра опцијата за готовина од 16,7 милиони американски долари, и така однесоа околу 5,7 милиони американски долари секој по федералните и државните даноци. Оваа победа го одбележа 18-тиот џекпот на Висконсин во Powerball, откако државата ја започна играта во 1992 година.
Том отишол во пензија откако го освоил џекпотот, а Џои е веќе во пензија. Тие велат дека со парите сакаат да уживаат со своите семејства. Тие исто така планираат да тргнат на патување низ светот заедно со своите сопруги.