Човек дозволил морничаво „милениче“ да живее во неговиот дом една година
Најчесто кога некој ќе види пијак, применува една од овие три опции: го убива, го фаќа и го пушта надвор и вреска и бега во спротивен правец. Но, за овој „јунак“ имало и 4-та опција. Тој дозволил огромен пајак да живее во неговиот дом цела година.

Австралиецот дозволил пајак-ловец да живее во неговиот дом цела година и тој сега има достигнато ужасна големина. Џејк Греј вели дека го гледал „моќниот ловец како растел“. Првично го видел пајакот во неговиот дом во Квинсленд во 2019 година. Околу 12 месеци подоцна, пајакот е поголем од чинија.

Луѓето на социјалните мрежи секако не го споделиле воодушевувањето кое го имал Џејк за својот слободен миленик. И покрај нивната голема големина и влакнест изглед, за среќа пајаците не се сметаат за опасни. Тие каснуваат, но ова не е смртоносно и го прават тоа ретко затоа што имаат тенденција да бегаат.

Во Австралија има повеќе од 155 различни видови на пајаци-ловци. Тие се големи пајаци, со долги нозе и најчесто во сива или кафеава боја. Според музејот во Австралија, тие најчесто живеат под олабавена кора на дрвја и пукнатини во карпи, но понекогаш влегуваат во автомобили и домови.
