Човек е фатен за кражба на најмалку 41 милион долари преку сајбер криминал, откако почнал да се фали на социјалните мрежи

Рамон Абас, кој живеел во ексклузивниот Палацо Версаче во Дубаи, редовно објавувал фотографии со приватни авиони, дизајнерска облека и луксузни автомобили на своите 2,5 милиони следбеници на Инстаграм, каде што бил потпишан како Ray Hushpuppi. Абас очигледно имал толку многу пари што се расфрлал со нив како конфети што е токму она што го сторил во едно видео, а тој тврдел дека ги заработува своите пари преку работа како развивач на недвижнини.

Сепак истрагата на полицијата тврди дека богатството на Абас всушност доаѓа од шемите за хакерство, кои се користат за дасе украдат милиони од компании во САД и во Европа. Иако изведувањето на овие злосторства би значело дека обвинетиот е добро информиран околу компјутерската технологија, очигледно не сфатил дека треба да внимава со социјалните мрежи.

Властите објаснија како неговите сметки на социјалните мрежи даваат информации што го потврдуваат неговиот идентитет и доведоа до негово апсење. Тие добија е-пошта и телефонски број од неговиот Инстаграм и успеаја да ги поврзат со финансиски трансакции и трансфери со луѓе за кои ФБИ верува дека му се партнери во криминалот.

На друго место, записите на Apple и Snapchat на Абас го потврдија неговиот идентитет, адреса и комуникација со други осомничени. Објавата споделена на роденденот на Абас им помогна на истражителите да го проверат неговиот датум на раѓање, кој беше наведен на претходна американска апликација за виза.

За Абас, кој е со потекло од Нигерија, се верува дека водел глобална мрежа што користела компјутерски упади, за деловни е-пошти и перење пари за да украде стотици милиони долари. Во објавата на Фејсбук, полицијата во Дубаи изјави дека запленила скоро 41 милиони долари, 13 луксузни автомобили во вредност од 6,8 милиони долари и телефонски и компјутерски докази.

Доколку биде обвинет го чека затворска казна од 20 години.