Човек им оставил по 10.000 денари бакшиш на сите вработени во кафуле, а еве и зошто
Ова се тешки времиња и секој би сакал да биде почестен, но овие луѓе дефинитивно не очекувале вакво нешто на обичен работен ден. Седум членови на персоналот во „Notchtop Bakery & Café“ во паркот Естес во Колорадо пријатно се изненадија.

Клиентот, познат само како Дејвид, на својата сметка од 20 долари оставил по 200 долари (10.000 ден) за секој вработен и напишал на ливче: „Ковид е заникаде! 200 долари за секој вработен денес“.

Сопственичката на ресторанот, Налја Хаметвалиева вели дека подарокот предизвикал солзи во очите на сите вработени, поради тоа што сите биле во тешка ситуација поради пандемијата. Дури и готвачите добиле бакшиш и тие биле посебно изненадени бидејќи како што вели сопственичката „готвачите никогаш не очекуваат бакшиш“.

Иако Дејвид живее во околината тоа му бил втор пат во посета на ресторанот. Сопственичката вели дека не се чувствуваат како да му се заблагодариле доволно и би сакале да направат нешто повеќе. Таа вели дека иако за кафулето не останало целосно без работа кризата го земала својот данок.
