Човекот кој ја преживеа авионската несреќата на Ер Индија минатата недела, го опишува моментот како од хорор филм и начинот на којшто се спасил

Британскиот државјанин Вишваш Рамеш го преживеа ужасниот авионски инцидент на Air India од минатата недела, во кој загинаа 270 луѓе, меѓу кои и неговиот брат Аџај.

Инцидентот се случи на 12 јуни, кога летот од Ахмедабад до Лондон се урна веднаш по полетувањето, удирајќи во зграда каде биле сместени студенти по медицина. Оваа трагедија е потврдена како една од најтешките воздушни несреќи во поновата историја, но жртвите можеле да бидат уште повеќе доколку пилотот, капетан Сумит Сабхарвал (55), не го пренасочел авионот од станбена зграда. Тој беше прогласен за херој од индиските медиуми.

Во своето прво интервју по несреќата за британскиот The Sun, Вишваш го опиша моментот на хоророт: „Се чинеше како нешто да се заглави, светлата трепкаа. Сѐ се случи за неколку секунди. Сфатив дека паѓаме.“

 

Човек кој ја преживеа авионската несреќата на Ер Индија минатата недела, го опишува моментот како од хорор филм и начинот на којшто преживеал

Болката по загубениот брат

Вишваш додаде: „Авионот не добиваше висина, само лебдеше. А потоа како да забрза и директно се удри во зграда, по што експлодираше.“ Иако физички речиси и да не е повреден, Вишваш е емоционално скршен поради загубата на својот брат. „Ако седевме заедно, можеби и двајцата ќе преживеевме. Се обидов да резервирам две соседни места, но едното веќе

беше зафатено. Сега постојано мислам: „Зошто не можев да го спасам?’“ Со болка признал пред пријателите: „Понекогаш посакувам да не преживеев.“

 

Болката по загубениот брат

„Цената“ да си жив после ваква несреќа

Извештаите покажуваат дека авионот најверојатно бил на итен режим на енергија во моментот на несреќата, а снимки направени од патници пред инцидентот покажуваат дека уредите во авионот не функционирале.

Вишваш објасни како се извлекол: „Слетав поблиску до земјата и имаше отвор. Кога вратата се скрши, ја видов празнината. Со ногата го проширив отворот и исползев. Околу мене сите беа мртви или умираа. Сѐ уште не ми е јасно како јас преживеав.“

„Цената“ да си жив после ваква несреќа

Неговиот случај е еден од ретките светли моменти во оваа трагедија, но неговата болка за изгубениот брат е уште еден потсетник за човечката цена што стои зад ваквите несреќи.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *