Човек кој неправедно одлежал 28 години во затвор за убиство на девојче во 1988 година, сега е ослободен и милионер- доби оштета од 9 милиони долари
Во САД неправедно осуден маж од Пенсилванија остварил голем паричен надомест и станал милионер. Во јули 1988 година, непознат напаѓач ја уби четиригодишната Барбара Џин Хорн во Филаделфија. Инспекторите го наведоа Валтер Огрод како главен осомничен. Тој се изјасни за виновен пред судењето, но подоцна рече дека сведочел под полициски притисок.
Првата пресуда на човекот беше поништена поради прекршоци, но на второто судење во октомври 1996 година тој беше осуден на смртна казна. Подоцна, новинарската истрага на WPVI-TV покажа дека примероците од ДНК пронајдени на местото на злосторството на никаков начин не биле поврзани со Огрод и укажувале на друго лице. Во 2020 година Американецот беше целосно ослободен од сомненија.
Сега, човек кој одлежал 28 години за туѓо кривично дело, добил право на компензација во износ од 9,1 милиони долари од властите во Филаделфија. Мајката на девојчето рече дека отсекогаш била уверена во невиноста на Огрод. „Убедена сум дека е осуден неправедно. Се надеваме дека човекот кој ни ја зеде Барбара Џин ќе го плати својот криминал“, рече жената.











Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно