Човек кој неправедно останал во затвор 8 години, успеал сам да се ослободи и да стане адвокат

Човек кој бил затворен за сексуален напад кој не го извршил на возраст од 17 години, успеа да ја поништи својата пресуда и сега работи како адвокат за одбрана за да ослободи други луѓе кои биле погрешно осудени.

Џеред Адамс, од Чикаго, беше обвинет за силување откако присуствувал на забава на Универзитетот во Висконсин-Вајтвотер во 1998 година. Изјавата на сведок била во спротивност со тврдењата на обвинувачот, но Адамс и неговите двајца пријатели биле уапсени и обвинети за сексуален напад.

Тинејџерот присуствувал на судот во Висконсин, каде 17-годишниците се гонат како возрасни. За време на судењето, сведочењето на обвинувачот „драматично се промени“ и резултирало во пропаднато судење. Судот повикал на повторно судење, за време на кое јавниот бранител на Адамс повикал на „теорија без одбрана“, што спречува употреба на изјави на сведоци.

Адамс ја опиша стратегијата како „нелогична“ и резултирала тој да биде обвинет. Едно од момчињата можело да си дозволи приватен адвокат и не поминало ниту ден во затвор.

„Таа одлука да не се придружам во тоа движење ме чинеше скоро една деценија од животот. Зборуваме за истиот случај, обвинети се од иста личност, а разликата беше во соодветната одбрана. Кога сакате да зборувате за недостатоците и проблемите во правосудството тоа е директен пример токму таму.“

Адамс и третотот момче добиле по 20 години затвор, во затвор со максимално обезбедување, а Адамс добил и дополнителни 8 години затвор затоа што одбил да се извини „за силување што никогаш не се случило“.

По една и пол година зад решетките, цимерот од ќелијата на Адамс го охрабрил да оди во адвокатската библиотека и да дознае зошто неговата одбрана не му успеала. Тој дознал дека неговиот јавен бранител ги повредил неговите права не успевајќи да го лоцира и повика познат сведок.

Користејќи весници Адамс почнал да контактира адвокати кои решаваат вакви спорови и успеал да добие помош од еден, а потоа и од Проектот за невиност, кои му рекле дека не разбираат „како завршил со казна од 28 години“. Осум години по апсењето, Проектот за невиност го расправаше случајот на Адамс пред Апелациониот суд во Седмиот круг во Чикаго. Судот едногласно ја поништи осудата на Адамс врз основа на неефикасна помош на бранителот, а во февруари 2007 година тој ги отфрли сите обвиненија против него.

По ослободувањето, Адамс се запишал на колеџ и добил диплома по кривично право. Во мај 2015 година тој дипломирал на Правниот факултет во Универзитетот Лојола во Чикаго и продолжи да биде ангажиран во Проектот за невиност. Сега работи за своја приватна пракса и ја користи својата моќ како адвокат за да спречи луѓе кои се соочуваат со истата судбина како и тој.

Адамс помогна да се поништат голем број случаи на суд, вклучувајќи го и погрешното затворање на Кевин Бејли, кој отслужи скоро 30 години затвор од 80 години за убиство во 1989 година што не го стори и на Ричард Беранек, кој беше погрешно осуден за сексуален напад во 1990 година.