Човек кој останал парализиран од електричен пиштол ја тужи полицијата за 100 милиони долари

Криминалецот кој се обидел да побегне од полицијата откако украл автомобил, проговори откако поднел тужба од 100.000.000 долари, затоа што бил парализиран како резултат на употреба на електричен пиштол.

27-годишниот Џејкоб Рут сега е квадриплегичар (сите четири екстремитети му се парализирани) откако полицаецот Роберт Комсток употребил на него електричен пиштол. Според адвокатите на Рут, тој го скршил вратот како резултат на падот додека бил во електричен шок. Полицискиот оддел во Колорадо Спрингс го ослободи полицаецот Комсток од какво било незаконско постапување и го поддржува. Рут вели дека нема независност, не може да живее сам и зависи од другите да го хранат.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *