Човек кој си го шеташе кучето забележа мистериозна појава во шумата, за која нема објаснување

Мали се шансите дека наскоро ќе можеме да дознаеме дали сме навистина сами во овој Универзум или има некој кој нѐ „набљудува“. Една необична случка го натерала овој човек да си помисли дека можеби не сме „сами“. Бен Ландрикомбе, од Плимут, кој работи пејсажен дизајнер забележал пејсаж кој неговиот рационален ум не можел да го објасни.

Бен го шетал своето куче околу 16:00 часот своето куче во шумата во селото Медон, кое се наоѓа на границата на Корнвол и Девон. Тогаш тој наишол на површина со дрвја срамнети до земја. Бен вели дека оваа глетка веднаш го асоцирала на слетување на НЛО. Местото му било многу морничаво и слушал чудни звуци па одлучил набрзо да се врати заедно со кучето во местото за кампување.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.