Човек кој што бил ѕвезда во детството станал зависник од мет, но по 230 дена неговиот живот целосно се промени

Шон Вајс од Њу Џерси, како дете бил позната ѕвезда, познат по улогата на Грег Голдберг во „The Mighty Ducks“. Сега тој има 42 години и веќе некое време не снима филмови. На почетокот на оваа година бил уапсен како се обидува да провали во гаража на еден човек, додека бил под дејство на дрога, амфетамин (мет).

Тој бил уапсен од страна на полицијата, а за неговата состојба дознал и негов пријател Дру Галагер, кој одлучил да му помогне на човекот да застане на свои нозе. Благодарение на неговата поддршка Шон е чист над 230 дена и неговиот изглед е целосно сменет.

Додека претходно изгледал како старец, сега повторно си наликува на својата возраст и е свој човек. Дру вели дека сите кренале раце од поранешниот актер и дека доколку некој искрено поразговарал со него ќе сфател дека тој пати од психчка и физичка болка.

Еден хуман стоматолог одлучил да му направи заби на Шон, бидејќи по долгогодишната злоупотреба на мет тој скоро и да немал ниту еден заб. Дру направил страна на GoFundMe и досега има соберено 16.000 долари, кои треба да му помогнат на Шон. Очигледно овој човек добил втора шанса во животот, се надеваме дека добро ќе ја искористи.